Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн СТУДИО АТРИУМ ДОО – Штип е основано 2002 година во Штип од страна на дипл. инж. арх. Павле Петрушев и дипл. инж. арх. Весна Василева. Од самиот почеток ние сме со јасно дефинирана визија и стремеж во нашето работење – подигнување на стандардите на современото живеење и работење. Еден од клучните алатки за професионално завршување на сите задачи претставува заедничкото макотрпно работење на тимот од 15 високо образовани инженери и архитекти и над 30 надворешни соработници. Веќе 20 години континуирано проектираме административно-деловни објекти, општествени објекти, станбени објекти, а како посебен сегмент од нашето работење во последните 10 години претставува проектирањето на големи индустриски комплекси. Спремни сме да одговориме на секој нов предизвик од идеја до завршна реализација, наша финална сатисфакција претставува задоволството на инвеститорот и крајниот корисник.